Свети Јован Кронштадски: Како секојдневно да го распоредиме времето (1)
„ Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие” (Пс. 118, 133).
За да можеме цел ден да го поминеме совршено свето, мирно и безгрешно, единствено средство за тоа е најискрена, пламена молитва наутро, штом станеме од сон. Таа во срцето го воведува Христа со Отецот и Светиот Дух и на тој начин и дава на душата сила и крепост против нападите на злото, но неопходно е да го чуваме своето срце.