СВЕТОЛ ВТОРНИК
Јудеите се обиделе светлоста на Христовото Воскресение да ја замаглат со лага: „Учениците го украле“. Меѓутоа, таа нискост било лесно да се совлада, и вистината победила. Сепак, дури и после ова не престануваат oбидите да се замагли сонцето на Воскреснието. Но, ова не треба да нѐ смутува! Што може да се очекува од таткото на лагата, ако не – токму лага?