Митрополит Атанасиј Лимасолски: Човекот е љубов по благодат – III дел
Сепак, љубовта е навистина најсовршеното и најдрагоцено движење на нашето битие, бидејќи таа е нашето „јас“, зашто Бог е љубов, а сите сме создадени според Божјиот образ. Бог, движен од љубов, направи сѐ за нас, и се предаде Себеси на смрт, за да ја покаже Својата голема љубов кон човекот. Според тоа, и човекот постапува на истиот начин.