Свети Јован Кронштадски: БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА КРСТОПОКЛОНА
Гледате, како да ни кажува Господ од Крстот, што Јас претрпев со Своето безгрешно тело, кое го примив заради ваше спасение; зарем ќе одбиете да ги распнете во вашето тело разните страсти и похоти? Зарем нема да поднесете никаква горчина на постот? Зар на некое време, барем, нема да се одречете од сластите како би го скротиле телото, кое, што повеќе му угодуваш, сè повеќе беснее? Зарем нема да одолеете на на огнените стрели на ѓаволот, кога Јас му дозволив со семоќни стрели да ја прободе Мојата божествена плот?