логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

STRADALNA.SEDMICA4

Која е Велика Седмица?

Великата Седмица е неделата пред Пасха (од неделата на Цветници па до Велика Сабота) и се нарекува „Велика“, не затоа што има повеќе денови или часови од другите седмици, туку затоа што настаните кои се празнуваат и доживуваат во светите храмови се спасителни за човекот.

Како се живее литургиското време на Великата Седмица?

Црквата од големо човекољубие, за да можат што е можно повеќе верници да учествуваат во богослуженијата, дозволува од почетокот на Великата Седмица, да се пее Утрената од наредниот ден (На пр. на Цветници вечерта се пее Утрената од Велики Вторник – таква пракса има во Грчката Црква).

Што се празнува во деновите на Великата Седмица?

Првите четири денови нѐ подготвуваат духовно за божествената драма и службите се нарекуваат „Последованија на Женихот (т.е. Младоженецот – Христос)“.

Велики Понеделник

STRADALNA.SEDMICA5

На Велики Понеделник доминираат два настана:

Животот на Јосиф, единаесеттиот син на патријархот Јаков, наречен Пангалос (предобар, преубав), т.е. убав и по тело и по душа. Јосиф го предизобразува со неговите перипетии (кој беше продаден како роб во Египет) Самиот Христос и Неговото страдање.

Настанот со бесплодната смоква која ја проколна Христос (Мат. 21, 18-22): Ја симболизира еврејската синагога, а главно животот на израилскиот народ кој беше бесплоден од добри дела.

Велики Вторник

STRADALNA.SEDMICA4

На Велики Вторник си спомнуваме и живееме две параболи:

На десетте девојки (Мат. 25,1-13) која нѐ поучува да бидеме подготвени и полни со вера и човекољубие.

За десетте таланти (Мат. 25, 14-30), која нѐ поучува на бидеме работливи и дека треба да ги обработуваме и умножуваме духовните дарови.

 

Велика Среда

STRADALNA.SEDMICA6

Великата Среда е посветена на грешната жена (Лука 7,47), која покајнички ги обли нозете на Господ со миро и ѝ беа простени нејзините гревови, бидејќи покажа голема љубов и вера кон Господ. Се пее преславниот тропар на Химнографката монахиња Касијана.

 

Велики Четврток

 

✥Свештеното миење на нозе на учениците од страна на Господ, покажувајќи им какво треба да им е служењето кон верните во Црквата.

✥Тајната Вечера, т.е. предавањето на Тајната на Божествената Литургија.

✥Молитвата на Господ во Елеонската гора.

✥Предавството на Јуда, т.е. почетокот на страдањата на Господ.

 

Велики Петок

На Велики Петок имаме кулминација на божествената драма, се извршува „Службата на страдањата“ (на црковнословенски „страсти“ = страдања) и си спомнуваме и ги живееме спасителните и страшни Страдања на Господ и Бог наш:

Плукање.

Камшикување.

Исмевање.

Понижувања.

Удари.

Трнов венец.

Распнување.

Смртта на нашиот Христос.

 

Велика Сабота

На Велика Сабота наутро празнуваме:

Погребението на нашиот Господ;

Слегувањето во Адот, каде што им проповедаше на сите починати. Така на Велики Петок наутро (календарски), се извршуваат следниве служби: Царските часови, Симнувањето од Крстот, Погребението на нашиот Господ од Јосиф Ариматејски и од Никодим Фарисејот, член на Великиот Совет и таен ученик Христов.

На Велики Петок навечер се пее оплакувањето Христово и полагањето во гробот.

Неделата на Пасха

На Велика Сабота наутро, имаме таканаречено „Прво Воскресение“, т.е. предобјавување на Воскресението кое го објавуваат химните, и предобјавување на очекувањето на избавувањето на сето создание од распадливост и смрт.

На Велика Сабота на полноќ (т.е. сабота спроти недела), го славиме животворното Воскресение на нашиот Господ, победата над смртта и распадливост и испраќањето на Светиот Оган во светот од Пресветиот Гроб Христов.

Неделата на Пасха (обично во 9.00 наутро), се извршува „Вечерната на љубовта“ (или Второ Воскресение), кога се чита Светото Евангелие на повеќе јазици и низ цел свет се објавува победата над смртта и времето на Новиот Завет, на радост на Воскресенската радост.

Кое е најдлабокото значење на Страдањата и на Воскресението за сите нас верните?

Ние верниците ги живееме страдањата и воскресението на Христос соучествувајќи активно во нив со „соучество“, „сораспнување“ и „совоскресение“! Христос со Својата волја пострада и воскресна за да бидеме спасени сите ние! Тоа значи дека не жалиме „фатално“ за Неговото страдање, туку за нашите лични гревови и откако ќе се покаеме искрено можеме објективното спасение кое го изврши Христос да го направиме и субјективно – лично спасение!

Свештеник Јани Мулев

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2020/04/12/velika-sedmica/?fbclid=IwAR3OghIq0Nx2oAXlQPj15OBhE4f2Q_IwPMEqBk5MnwK_Jw8WmtVnFwccxR8

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная