Архимандрит Авксентиј - ПРАЗНИК И ЕВХАРИСТИЈА
Одбележувањето на кој било христијански празник е незамисливо, доколку не се извршува евхаристија. Строго гледано, како празнични денови можат да бидат определени само оние денови во кои, според богослужбените типици, се служи литургија. Неучествувањето во евхаристиското собрание го лишува христијанинот од можноста да биде полноправен учесник во празниците.