За неутралната религиозност
Религиозните луѓе кои се поистоветуваат себеси со Православната вера најчесто се делат на две доминантни групи. Првите припаѓаат на компромисната група, тоа се оние кои сакаат да му угодат и на Бог и на ѓаволот, на Бога свеќа, на ѓаволот цигара, ем верници, ем распуштеници, ем со пола град скарани, со расипани меѓучовечки и семејни односи, ем први на причест во Црква.