Благодарствен канон кон Пресвета Богородица (31.03.2022)
Во утробата Своја Словото Го прими, Сеносителот во Себе Го носеше, и со млеко Го доеше Оној Кој вселената со манна ја храни, Чиста, Нему Му пееме: Воспејте ги делата Господови, и превозносете Го во сите векови!
Мојсеј во капината го позна великото таинство на рождеството Твое, отроците го изобразија ова откровение сред огнот стоејќи, и не согорувајќи, Нетлена, Света Дево: затоа Те воспеваме Тебе во сите векови.