Архиепископ Охридски и Македонски Г. Г. Стефан: Нашето најтрајно богатство
Всушност, станува збор за одбележување на едно траење и за еден духовен континуитет кој самиот за себе многу кажува, а уште повеќе сведочи, не само за минатото, туку и за сегашноста и за иднината. И денешново чествување, како и многуте други одбележани или што ќе се одбележат, најмногу го потврдуваат нашето охристовено битисување, како и нашата црковна вистина и нашето црковно право на самобитност и автокефален живот.