ЗА ЛАЖНОТО СМИРЕНИЕ - Светите преподобни оци Варсануфиј и Јован
Ти се нарекуваш себеси грешник, а всушност со животот свој покажуваш дека не се чувствуваш таков. Оној што се смета за грешник и виновен за многу зла, тој на никого не му противречи, со никого не се кара и на никого не се гневи, туку сите ги смета подобри и поразумни од себеси.
Ако си ти грешен, тогаш зошто го прекоруваш својот ближен и го обвинуваш како преку него да доаѓа твојата жалост?