Игумен Евмениј: Мамини синови
Мамините синови се вистински кошмар за многу жени: со сите свои проблеми тие трчаат кај своите мајки, кај нив наоѓајќи поддршка и сочувство. Нивните мајки се обидуваат да им се мешаат во брачниот живот, да го наметнуваат своето мислење. Многу од нив се толку многу заслепени од љубовта кон нивните синови, што дури завземаат страна во сите брачни конфликти, поттикнувајќи ги младите мажи да не попуштаат пред своите жени,доведувајќи ги дури и до развод.