Затворен Светиот Гроб Христов во Ерусалим, 27.03.2020 г..
Светиот Гроб е затворен од средата, 25 март 2020, за една седмица, заради заштитни причини, поради епидемијата на коронавирусот.
Затворањето на Храмот било одлучено по средбата што се одржала меѓу претставници на израелската полиција и претставниците од црквите, рекол Уади Абу Насар, претставник на Синодот на католичките епископи на Светите Места, откако израелската влада претходно донесла построги мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот.