Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум (19.04.2020 06:14)
Богородица, заедно со жените мироносици, најмногу и докрај сострадуваа под Крстот, но затоа и први ја слушнаа веста за Христовото воскресение и први Го допреа Воскреснатиот Богочовек Христос.
Поуката што може да се извлече од напишаното е дека ни е потребна смирена и љубовна постојаност во подвигот на следење на Богочовекот Христос, докрај – до „последното место“. „Последното место“ е почеток и крај на овоземниот православен духовен живот.