ВО ДЕЦАТА ТЛЕЕ ВИСТИНСКИ ВУЛКАН
Потребен е хируршки пристап со голема претпазливост, вештина и љубов. Тоа е исто како, кога му приоѓате на заробениот лав да му ги одврзете оковите за да може сам да оди по патот на слободата. Младите луѓе имаат празнини, тие ја читаат книгата на животот со страници што недостасуваат. Се обидуваме да откинеме неколку страници, но на овој начин ја лажираме нивната животна приказна.