Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Тогаш им се отворија очите...“
Затоа и ви напишав дека ќе се молам во вашите срца да остане само Невечерната светлина на Воскресението и љубовта, по тоа ќе нѐ познае овој свет дека сме Христови и дека Христос ја победи смртта и дека нема смрт. Не грижете се и оставете ги нека зборуваат дека сме безумни и примитивни. Тоа не е ново карактеризирање на христијаните. Тоа е така бидејќи ние, едноставно, не се плашиме од смртта, зашто знаеме дека жив е нашиот Бог и ние живи ќе бидеме.