Св. Теофан Затворник - Кој се богати со знаење на словото Божјо

Оти, читањето на словата Божји секогаш има смирувачко дејство врз страстите. Ако почнеш да го читаш словото Божјо, страста, каква и да е, ќе започне да слабее, за на крај сосем да исчезне. Кој се богати со знаење на словото Божјо, го здобива столб од облак, кој Израилците ги водеше низ пустината.






Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото.



Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.








Сте забележале ли, дека во денешно време никој за ништо не е виновен и дека сите се разбираат од сè? Освен фудбал и политика, Православието исто е популарна тема. Секој, кој што се крстил, веќе го кажува своето мислење каква треба да биде Црквата. А како што гледам дури и некрстените имаат мнение по тоа прашање.



























