Ретроспектива (2005-2020): КНИГИ
издава: Премин ДОО, Скопје
уредник: игумен Агатон
лектура: Петар Георгиевски
дизајн на корица: епп студио, Струмица
печати: „Вебпринт“, Скопје; „Технокарт“, Скопје
издава: Премин ДОО, Скопје
уредник: игумен Агатон
лектура: Петар Георгиевски
дизајн на корица: епп студио, Струмица
печати: „Вебпринт“, Скопје; „Технокарт“, Скопје
Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.
- Старче, загрижена сум бидејќи имам многу здравствени проблеми.
- Сето тоа да го примаш како голем дар Божји. Бог не е неправеден.
На небесата ќе имаш голем одмор, ќе имаш голема пензија,
ако самата не ја намалиш со твоето негодување.
Да научиме да велиме „Слава Ти, Боже“. Да не бидеме неблагодарни. Неблагодарноста е ужасно нешто. Постојано се жалиме, мрмориме, сакам ова, сакам она, зошто немам ова, зошто немам она, а за она што веќе го имаме не велиме „Слава Ти, Боже“. Не сме способни да кажеме едно „Слава Ти, Боже“ за даровите што ни ги дал. Како тогаш го применуваме тоа „благодарете за сѐ“ што ни го заповеда апостолот Павле?
Ел Греко е можеби единствениот претставник на фигуративното сликарство кој создаде толку убедлива бестелесна симфонија од движењата на човечките тела. Тој од телесниот свет, ги пресели во Вечност. За разлика од уметноста на Микеланџело Буонароти, во која и покрај боженствената визија во фреските „Создавањето на светот“ и „Страшниот суд“, тој во ниту еден момент не заборави дека е сликар, скулптор, анатомски прецизен научник на телото.
Нема на земјата место каде што можеме да се сокриеме од смртта - ниту во високите планини, ниту во длабоко подземје. Таа секаде проникнува, секаде ќе го најде секого од нас. Нема богатства со кои можеме да се откупиме од неа, земните скривалишта за смртта се - прав. Таа го сака само - човекот, својата жртва, храна за своите страшни заби. Стомакот на смртта никогаш не се наситува, нема дно, како самиот пекол. Оној кој се родил е веќе осуден на смрт.
„Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивно, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството.“ поучена од зборовите на Свети Максим Исповедник, со својата слободна волја искушеничката Милка го зеде на себе монашкиот јарем, со ново име Матрона .А монахиња Серафима го прими игуменскиот чин.
Воодушевеното примање на болката е можно кога човекот се наоѓа во благодатна состојба со изобилна љубов. Карактеристичен претставник на тој случај е Свети Игнатиј Богоносец, кој што се радувал на претстојното мачеништво, горејќи од копнеж да Го сретне Христа. Во синаксарите обично се одбележува споменот на маченици кои барале од мачителите да го засилат мачењето, за на тој начин подлабоко да ја изразат својата љубов кон Христа.
·Во сите служби, освен Литургијата, ние зборуваме со Господ како по телефон, а во Божествената Литургија, зборуваме со Господа лице во лице, непосредствено Му ги кажуваме своите потреби, лично Му благодариме и Му се молиме. Затоа, молитвата на Божествената Литургија е најдествена, отколку на било која друга служба“.
„Божествената Литургија – е прозорец, издлабен од Господа во грешниот, неверен, прељубодеен свет, низ кого влегува свеж воздух. Да не беше тој прозорец, верните би се задушиле“.
Другите молитви сите имаат своја содржина: утрена молитва, вечерна, итн. Кај оваа молитва соржината е една: помилуј ме! Таа го поттикнува човекот да стои пред лицето на живиот Бог со чувство на покајание и тоа е сѐ. Но, тоа стоење пред Господ со чувство на покајание дава многу: тоа ми го дава она, што ми е најпотребно, а тоа е свест за мојата вина пред Бога. Јас стојам пред Господ со чувство на вина и тоа прави Бог да ми биде многу близок.
Како што веќе рековме, човекот од незнаење и гордост се смутува кога ќе го притисне страста. Попрво би требало смирено да ја спознае својата мера и да истрае молејќи се, сѐ додека Бог не го помилува.
Всушност, да не беше искушуван и да не ја доживееше тагата од притисокот на страстите, немаше ни да се бори, и никогаш немаше да се очисти од нив
Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога е во прашање поткопувањето на единството на Македонската Православна Црква – ОА, како и кога е во прашање обидот за оневозможување на единствената „голема вечера“ од Богочовекот Христос, преку неа, подготвена.
Безобѕирност. Поедноставно: бесчувствителност. Денес е реткост да се налета на човек со осет за другиот. Бесчувствителноста станува веќе главна работа на оној општествен дрил што се вика образование: ефикасно образование денес подразбира да се произведе човек способен да се „излакта“. Знаењето е во втор план, снаодливоста златни врати отвора. Тоа со гордост го викаме „амбициозен млад човек“. Дрскоста ја викаме храброст, а невоспитаноста – иницијативност.
Но, ова е голема среќа, затоа што да се видат вашите гревови значи да се види почетокот на вашето спасение, почетокот на вашата исправка, почетокот на вашето прочистување.
Затоа светите отци ни заповедаа да се молиме за нашите непријатели, кои ни помагаат да ја видиме сопствената внатрешна нечистотија.
Може има, ама и фалбите се катастрофа. Многу
е лошо да те фалат. Ужасно е. А најлошо е тоа
да ти се допаѓа. Тогаш си готов. Ќе почнеш да
се мислиш посебен, голема работа, сите ти
делат фалби, ти ова – ти она, без тебе ништо,
и ќе завршиш ко пропалица, морална, или
и материјална, конечно човечка.
"Оној кој сака да ги победи искушенијата без молитва и трпение нема во ништо да успее. Наместо да ги изгонува, тој сѐ повеќе се заплеткува во нив.
Кога ќе те нападне искушението, не ја испитувај причината ниту личноста преку кои тоа дошло, туку гледај како ќе го истрпиш а да не те обземе штетна тага или братоубивствено злопаметење.“
Кога некој тагува и му кажувате дека ништо не се случило, воопшто не му помагате. Ништо не ти се случило тебе, но другиот беше повреден во битките додека ти гледаше од страна. Одете кај него, замолчете молитвено и кажете му: „Да, ти се чувствуваш лошо, те разбирам, го чувствувам тоа и сочувствувам со тебе. Дали сакаш да бидам прегратка за тебе сè додека не помине бурата на твојата тага? Стани пристаниште, стани станица, стани таткото на блудниот син, добриот Самарјанин,
„Познавам илјада души во светот, подобро речено ширум целиот свет, кои се присилуваат на молитва и во тоа постигнуваат восхитувачки резултати. Молитвата ги крепи во нивната духовна борба, ги просветлува однатре и тие се исповедаат отворено и искрено. Мачени од помислите и искушенијата коишто демоните ги поттикнуваат кон оние што ја кажуваат молитвата, тие копнежливо притекнуваат кон пренепорочните Таинства. П
На 03. јуни 2015 на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје се одржа промоцијата на монографијата на доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ со наслов „Nikolas Kabasilas – ein Weg zu einer Synthese der Traditionen“ („Никола Кавасила – еден пат кон синтеза на традициите“) во издание на меѓународната издавачка куќа „Peeters Publishers“ (Paris – Lueven – Bristol CT, 2015).
Убавината не е во „совршеното“ и „беспрекорното“. Животот е добар затоа што не е „совршен“. Овој свет е разубавен од страдањата. Небото е допрено од плачот, Бог е распнат на крст. Без сите нив, животот би бил грд, без боја и вкус, во лагата на своето „совршенство“. Страдалниците и „грешниците“ го исполнуваат светот со убавина и светост. Без нив, уметноста е сирак, книги без автори, дела без зборови, црно-бели слики и, пред сè, биографии без светци".