Прво ќе ги изведам децата на прав пат, а потоа ќе живеам. Но, животот имал друг план…
Една стара жена за подарок добила кутија полна со крушки. Одлучила прво да ги изеде оние презреаните крушки, за да не скапат, па потоа да ги изеде здравите и убавите. Секој ден јадела по една или две презреани крушки додека не ги изела сите. На тој начин ги потрошила сите крушки, а ниеднаш не вкусила здрава крушка.