Ретроспектива (2005-2020): Свет на земјата – Светител на небото (01.06.2017)
Човекот, како Божјо создание, нема друга причина за своето постоење освен – светоста! Светоста е и целта и смислата на човековиот живот. Но светоста, не е некоја апстрактна и безлична идеја, не е некаква етичка категорија. Светоста е суштински начин на постоење, постоење во нашата природна состојба; тоа е остварување на една зададеност, која се дефинира како богоподобност.