Слаѓана Ставрева: Во спомен на Караман, кучето кое беше горски цар
Арис беше убаво и нежно, домашно куче кое живееше со нас внатре, додека за разлика од него Караман беше голем и снажен, преубав, црно-кафен, селски пес. Вистински храбар и нестрашлив горски цар, најголем и најсилен во селото, пес кој секогаш спиеше надвор.
Од Караман се плашеа останатите кучиња од селото, но од него бегаа и некои лоши луѓе. Ми беше интересно што и тогаш, но и сега по повеќе од дваесет и седум години во ова село, исто како и во сите околни села луѓето чуваа само ловечки кучиња.