о. Харалампиј Пападопулос: Божјиот човек знае да чека
Големите дарови секогаш се проследени со големи испитанија, пред и после нивното примање. Тоа е така бидејќи добриот Бог го познава нашиот болен нарцисизам, нашата склоност да узурпираме сѐ за наша полза. Затоа, заедно со дарот и харизмата, го допушта и испитанието. На тој начин нѐ држи во смирение, за да не се возгордее нашиот ум и нѐ потсетува дека харизмата е дар а не индивидуално достигнување.