Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е икона Христова; а почитта кон иконата се пренесува на оригиналот. Послушноста се подразбира – потврдена е и од Самиот Христос во Светото Евангелие: „Кој ве слуша вас [значи Апостолите или, денес, Епископите], Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној Кој Ме пратил“ (Лука 10, 16).
Еднаш, во некој манастир, кај преподобниот отец дошле монаси и го запрашале:
– Оче, често луѓето нè прашуваат: „Има толку многу цркви на оваа наша грешна земја, која од нив е спасоносна?“
Преподобниот отец одговорил:
– Одете и однесете дрва крај мојата ќелија, но повеќе.
Но, со примањето на словото Божјо преку рамноапостолните словенски просветители свети Кирил и Методиј, а особено преку нивните најзнаменити ученици Климент и Наум, делото на светите браќа заживеало, а на нашите простори пуштило особено длабоки корени. Токму Евангелието ги учело нашите предци да го почитуваат заветот Божји, односно евангелските заповеди и да ја негуваат верата Христова.
Постојат сигурни податоци дека овој манастир постоел во XI век – време кога Самоиловата држава била поразена од страна на византискиот император Василиј II.
Илјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот. Во текот на десетте изминати столетија, Бигорски заблескал подобно на Горнатата одаја во Ерусалим, и во него секојдневно се слуша шумот на Педесетницата; оваа благословена падина на Бистра се открила како нова Таворска Гора, каде што преку зраците на Таворската светлина се преобразиле и осветиле многу души;
„ Сведочам пред Бога, дека освен Самиот Бог, нема ништо во вселената, во толкава мера исполнето со Божествена сила и благодат. Никој од луѓето не може да го достигне со својот ум она, што јас го видов. Исповедам пред Бога: кога од Јован, кој сјае меѓу апостолите, како сонце на небото, бев приведен пред лицето на Пресветата Дева, јас доживеав неискажливо чувство.
Конечно, моето разбирање за вдахновеноста на Писмото е прочистено со учењето на црквите за личноста на Христос. Воплотеното Слово Божјо, Господ наш Исус Христос, не е само Бог, туку е и човек. Христос е единствената Личност со две природи - божествена и човечка. Потценувањето на Христовата човечка природа води во ерес. Древната Црква учела дека Воплотениот Логос во потполност е човек - навистина, човек онолку колку што може да биде - но сепак без никаков грев. По Своето човештво, Воплотениот Логос е роден, растел и достигнал зрела возраст.
Се изначитав коментари и се изнагледав слики од типот достоен, недостоен, короноверци и уште што ли не. Си велам, среќа што Facebook немало во времето на св. Јован Златоуст и во златниот период на Црквата, оти ќе пропаднел уште првата недела.
Зошто?
Затоа што тие луѓе тогаш, го гледале Христа, ближниот и својата слабост и се воздржувале од осуда на другите.
Денес, во особено свечена и достоинствена атмосфера во претседателската резиденција на Водно, а по повод големиот јубилеј: „1000 години Бигорскиот Манастир“, Претседателот на државата, г. Стево Пендаровски го додели високото државно признание „Орден за заслуги за државата“. Орденот му беше врачен на нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, во присуство на: Премиерот на Владата г. Зоран Заев, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент,
Денес напладне, во Претседателската резиденција на Водно, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата" на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител", по повод 1000-годишнината од неговото основање. На свеченоста свое обраќање имаа македонскиот претседател Пендаровски и старецот и игумен Епископот г. Партениј, а настапи и бигорскиот монашки хор.
Манастирот на Воведение на Пресвета Богородица-Елеуса, денес - повторно, како пред десет века, стана духовен расадник на монаштвото во Македонија. Спонтано, во духот на илјадогодишната традиција, прво беше возобновено машкото монаштво во него, за една година подоцна да продолжи да живее како женски општежителен манастир. Тогаш, во 1996-та година, беше возобновен прво Водочкиот манастир на Св. Леонтиј како машки манастир. Потоа, по 1998-та до сега, уште повеќе од дваесет машки и женски манастири низ териотријата на Република Македонија.
Сега би сакала накратко да се задржам на она, што ги обединувало древните христијани и што денес нè обединува нас во вид на „традиција“, т.е. Предание. Очигледно е дека ние се собираме и го доживуваме своето заедништво во Евхаристијата. Сепак, навраќајќи се на катедралниот чин што претходно го споменав, чинот на градовите, секојдневната Евхаристија во историјата на Црквата се појавила релативно неодамна.
Видео спот „1000 години Бигорски манастир“, специјално подготвен за милениумскиот јубилеј од страна на продукциската куќа „Дрим фектори“, за што сме им неизмерно благодарни.
[youtube height="200" width="350" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=XdnEvfpW0YQ[/youtube]
Ние,како ранливи луѓе, секојдневно поднесуваме промени и падови. Од секоја непријатна ситуација,во нас спонтано се раѓа едно „Зошто?“. Мислиме дека Бог ни испраќа непријатни настани во нашите животи. Тогаш нашата логика се издига и негодува. Сепак, Бог не е причина за злото, тој едноставно го толерира затоа што ја почитува нашата слобода и не ни го одзема дарот дури и кога го користиме за самоуништување. Но, оној што ги претворил зборовите „да биде волјата твоја“ во начин на живот и му ја предал својата волја на Бога,
„Сум видел како монасите коишто блеснале како ѕвезда во послушанието и коишто според своите сили
не престанувале да мислат на Бога загосподаруваат со својот ум
и пролеваат вистинска река од солзи штом ќе застанат на молитва. Преподобното послушание ги подготвило за тоа.“
Во современото Православие денес, понекогаш може да се сретне сокриена мисла дека на мирјаните не им е достапен вистински духовен живот. И тие, или се стремат да наликуваат на монаси во саботите и неделите, или се надеваат во некаков момент да примат постриг. Но, во суштина, градскиот соборен живот е совршено автентичен и традиционален христијански живот. Всушност, тој и претставува првична оригинална форма на христијански живот.
Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.
Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваат и да не им судат на другите, не внимаваат дека се самооправдуваат.
Понезабележлива – затоа што, најчесто, тој што се самооправдува не го фаќа моментот на гревот на самооправдувањето.