Преподобен Јустин Ќелиски: Педесетница- заедница на небото и земјата
Што е Богочовекот Христос: што е Бог во Него, а што човек? Како се познава Бог во Богочовекот, а како човекот? Што ни даруваше Бог, нам луѓето, во Богочовекот и со Богочовекот? Сето тоа ни го кажува Светиот Дух – „Духот на Вистината“: ни ја покажува целата Вистина во Него – за Бог во Него и за човекот, и што сѐ ни е подарено со Него? Е тоа бескрајно надминува сѐ што човечките очи некогаш виделе, ушите чуле, а срцето претчувствувало.