Архива: Виктор Франкл: ПСИХИЈАТРИСКИ КРЕДО
Не може да се замисли ништо што би го детерминирало човекот толку да остане и без најмалку слобода. Затоа делче слобода, колку и да е мало, останува во човекот и во невротична, па дури и во психотична состојба. Навистина, најдлабокото јадро на личноста не е гибнато дури ни во психоза. Се сеќавам на еден човек од околу 60 години што го донесоа кај мене поради слушни халуцинации, кои траеле веќе неколку децении. Пред мене беше руина од човек.