Грешникот е повреден, а не лош човек
Мораме да разбереме дека другиот е една рана, големата рана според Отците на Црквата. Грешникот е повреден, а не лош човек. Тој е трагична личност која има минато, но во исто време и иднина. Не можете да му судите на неговото минато затоа што не ги знаете причините за неговите постапки. Не ја знаете неговата иднина затоа што не можете да го видите неговото покајание.