ПРЕПОДОБЕН И БОГОНОСЕН ОТЕЦ НАШ НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ (03.07.2021)
Јасен проповедник на Евангелието во Македонија си бил, себлажени, и во секоја човечка душа си ја вложил љубовта Христова. Затоа, откако ги протера сите прелестни собранија, православните ги научи верно да ѝ се поклонуваат на Троица несоздаденаː на беспочетниот Отец и Родител; на собеспочетниот Син; и на Светиот Дух Кој непосредно произлегува од Отецот, како од единствен извор на едното пресуштествено просто божество.