СМРТТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, КОЕ СЕ НАРЕКУВА ЗАСПИВАЊЕ ИЛИ УСПЕНИЕ
Еднаш, додека се молела сета во солзи, Пресветата крај себе го слушнала познатиот глас - пред неа се појавил крилестиот Божји гласник архангел Гавриил. „Радувај се, благодатна", ја поздравил, „Тебе, Божјата Невеста, те повикува во божествената одаја небесниот Женик со Својата бесконечна радост!" И подавајќи и рајско гранче од палмово дрво, кое блескало од небесната благодат, додал: