Старец Ефрем Филотејски и Аризонски: ТВОЈАТА БОЛКА ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО РАДОСТ
Меѓутоа, во сето тоа, триумфира нашата добра намера.
Бог ни дал духовно оружје со кое ќе се спротивставиме на секој сатански напад: поставениот барјак, Крстот на надежта, живата надеж во Оној Кој рекол: „Нема да те оставам, ниту ќе се откажам од тебе“, надежта во нашиот Христос Кој бил прикован на Крстот; и сите кои гледаат во Него, и се надеваат на Него, нема да бидат посрамени.