Постои сепак случај, кога христијанинот може да се постави со вознемиреност кон она што се случува и на своевиден начин „егоистично“ но без да има вистински егоизам во душата. Кој е тој случај? Кога треба да ја заштитиме нашата вера, можеме и треба да сме покатегорични и построги, но тоа нема да биде вистински егоизам, туку наше исповедање на верата.
Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (18.12.2018)
Христос рече: Ако некој ...не ги намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик (не може да Ме следи) (Лука, 14, 26). Ова Слово Господово е многу сериозно. Не станува збор за една кариера и за дребните нешта од овоземниот живот, туку за совладување на страстите и гревовите на овој свет, за да живееме вечно со Отецот.