Свети Нифонт Чудотворец: Пост, Воздржување и Страсти
„Мислам, чедо мое, дека таквите не се поправаат, иако многу постат, бидејќи не внимаваат на јазикот. Кој не ја затвора устата, макар и да пости цело време, не напредува. Оној пак што молчи, лесно ги победува страстите. На пример, демонот те раздразнува со гнев? Немој да проговориш и ќе победиш. Те поттикнува на завист? Не осудувај и си го посрамил, зашто осудата се раѓа од зависта.