Свети Антониј Велики - „Бог од љубов му дал битие на сè што постои.“
Умот не е душата, туку е дар Божји, кој ја спасува душата. Богоугодниот ум оди пред душата и ја советува да презира сè што е привремено, светско и пропадливо, а да ги сака вечните, неземните и непреодните блага така што човекот, живеејќи во телото, со својот ум да го замислува и да го созерцава она што е небесно и божествено.