Избор од богослужбите во Скопје (15-20.05.2017)
Радоста што ја чувствува човекот кога ќе добие материјален дар е човечка радост, а радоста што ја чувствува кога дава е божествена. Божествената радост доаѓа со давањето!
Радоста што ја чувствува човекот кога ќе добие материјален дар е човечка радост, а радоста што ја чувствува кога дава е божествена. Божествената радост доаѓа со давањето!
На 21 мај во Москва ќе пристигнат мошти на Св. Николај Чудотворец за поклонение на верните. Моштите ќе бидат донесени од страна на претставници на Римокатоличката црква. Овие мошти, кои за првпат во историјата ќе го напуштат градот Бари, ќе бидат доставени во Русија со специјален авион. Моштите ќе бидат сместени во храмот на Христос Спасителот.
Светата царица Елена Константинополска е позната по својата дејност за ширење на Христијанството. Неа ја сметаат за заштитничка на Христијаните. Таа се упокоила во 328 година на возраст од 80 години. Светите мошти на царицата беа пренесени во Венеција од Константинопол во 1211 година. Нејзиниот син, императорот Константин Велики, го ...
Затоа Христос кажува: „Немојте да се плашите од оној кој може да ве повреди надворешно, зашто вашата душа никој не може да ја повреди.“ (Мт. 10, 28). Никој не може да ти предизвика штета. Кога чувствуваш дека некој ти нанел штета и дека поради тоа го мразиш, тој всушност не ти наштетил, туку нешто друго во тебе не е во ред, нешто друго те искушува.
Непријателот, ако не може да нѐ натера да направиме нешто лошо и да нѐ собори со лоши и лукави мисли, тогаш нѐ напаѓа со жалости и страдања, за да го помрачи нашиот разум и потоа да сее во него сѐ што ќе посака. Ако ни на овој начин не може да ја постигне својата пакосна цел, тој тогаш ни овозможува да ги имаме сите удобства во животот, ни ...
Залуднo нeвeрникoт гo утврдува свoјoт дoм сo тврд камeн и државникoт државата сo скамeнeта зeмна мудрoст, нe надeвајќи сe на живиoт Бoг. Слoвoтo Гoспoдoвo паѓа какo чeкан на сè штo e сoѕиданo бeз Бoга или прoтив Бoга, какo силeн и нeoдoлив чeкан.
„Богат е човек кој има вакво свештенство, вакви делегати и ваков верен народ.Радоста моја е огромна а уште повеќе ме радува присуството и на мали дечиња кои од повеќе страни од Европа се присутни на овие собранија да ни бидат потик и стимул за сите нас и како свештенство и како верен народ ,кој иако далеку од родното огниште, живата света Македонска Православна вера ја пренесуваат низ цела Европа.“
Душата, која вистински Го сака Бога и Христа, ако направи илјадници праведни дела, со ненаситен стремеж копнее кон Господа, мисли дека уште ништо добро не направила; ако го измачи своето тело со пост и бденија, останува со чувство како уште да не започнала да се труди за придобивање добродетели; ако се удостои со различчни духовни дарови или со откривање и на небесните тајни, поради својата неизмерлива и ненаситлива љубов спрема Господа,
Безмолвието е мајка на скрушеноста, огледало на гревовите, извор на незадржливи солзи, училиште за надзор над помислите и на расудувањето со нив, утврдување на постот, преграда на чревоугодието, место за вежбање во молитвата и читањето, смирување на помислите, тивко пристаниште од загрижености, благ и лесен јарем,
Храмот на светите воини беше подигнат токму на местото каде што во 1942 во битка со фашистите загинаа повеќе од 60 херои. И покрај тоа што храмот е изграден пред се за војниците од дивизиите на ПВО, тој ќе биде отворен и за сите жители на Севастопол кои ќе посакаат да измолат помош од православните воини Александар и Андреј Радоњешки.
Дистрибутивен контакт:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
081358579 С. Харитина
075490655 Струмица
070276721 Скопје - Марјан
Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од влијанието на демонот, па потоа благодатта протекува од него.
Не нѐ спасува тоа што еднаш на некого ќе му направиме милост, макар што, ако некогаш некого презреме – сме виновни и достојни за вечниот пламен. Спасителот говори во Светото евангелие: „Гладен бев... жеден бев“ (Матеј 25, 35). Овие зборови не се однесуваат за еден случај и само за еден ден, туку се однесуваат на целиот живот.
Кога некој почне да чувствува силна љубов спрема Бога, тогаш тој почнува духовно да го сака и својот ближен. И кога ќе почне ваквата љубов, таа никогаш не престанува. За оваа и ваква љубов говори целото Свето писмо. Телесната љубов, којашто не е поврзана со духовно чувство, штом ќе се појави и најобичен повод,
Од него зависи како ќе ја насочи, дали за добро или за зло. Ако доброто го споредиме со цветна градина полна со цвеќиња, дрвја и растенија, злото го споредиме со трње, а силата со вода, тогаш може да се случи следново: кога водата ќе ја насочиме кон цветната градина, тогаш сите растенија се развиваат, зеленеат, цветаат, оживуваат.
Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт. Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн: тoј e врeдeн рабoтник на ѓавoлoт. Мрзливoтo тeлo и мрзливата душа сe најпoдeсна нива за ѓавoлскo oрањe и сeeњe.
Списанието е плод на веќе низата проекти на Епархискиот Просветен Одбор при епархијата, кој внимателно гледајќи ја актуелноста на изборот на содржината и квалитетот на изданието на списанието – заклучува дека Уредувачкиот одбор заедно со стручниот тим посветил големо внимание и труд, па ако според првенчето се оценува, ќе треба да очекуваме уште подобри наредни броеви.
Денешното возвишено собитие во Струга уште еднаш покажа дека војската на Св. Георгиј – големиот и непобедлив Војсководец на Царот небесен, имајќи ја љубовта како најсилно оружје, насекаде го шири мирот Божји, радоста небесна и духот на единството и сплотеноста.Нека Светиот Великомаченик Георгиј, кој верно му послужил на ...
Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на еврејската Педесетница. Кога се искачи во Ерусалим за празникот, и кога беше во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон,