Како го „преживеав“ македонското образование?
Дека на македонските ученици не им е лесно да се снајдат во образовен систем кој не ги учи да научат, туку само да меморираат податоци без да знаат како да ги употребат, е јасно од резултатите на ПИСА-тестовите. Но, исто така, голем дел од нив наоѓаат начин како да го „преживеат“, а доказ за тоа се нивните успеси во и надвор од Македонија како научници, инженери, лекари, професори...