Софрониј Сахаров. Љубов – е кога не се појавува желба да ја наметнуваме својата волја

При созерцувањето на нетварната светлина нема никакви помисли. Чувањето од помисли се нарекува мрак на соблекувањето. Зашто умот, кој се соблекол од сè материјално и се просветлува од Божјата благодат, се стекнува со јасност. Созерцанието пак, на нетварната светлина ја надминува и таа состојба.





















о молитвата не очајувај ако не гледаш успех. Прочитај го во Лествицата 26-то слово, 60-та глава, и уште 28-то слово од 29-та глава. Пишуваш, дека јас сум се нашол да те учам со ум и разум; но тоа не е така. Како можам да ги учам другите, кога и самиот одам со напипување и се сопнувам, а ако слепец води слепец, и двајцата ќе паднат во јама.


























