Старец Порфириј Кавсокаливит - ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА (3)
На лицата на децата треба да Го видиме Бога и да ја пренесеме љубовта Божја на децата. И децата треба да научат да се молат на Бога. За децата да се молат на Бога, треба да имаат во себе крв на родители кои и самите се молат. Грешат некои кои зборуваат: бидејќи родителите се молат на Бога, побожни се, го изучуваат Светото Писмо и ги подигаат своите деца во „воспитување и науката Господова" (Еф. 6, 4),