Канонизирани Старците Ероним Симонопетриски и Софрониј Сахаров
Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, откако доби позитивна препорака од Комисијата за канонизација, донесе одлука да го канонизира Старецот Ероним Симонопетриски, беше игумен на Симонопетрискиот манастир, како и економ и духовен татко на метохот посветен на Светото Вознесение во Вирон, Атина, и архимандритот Софрониј Сахаров, игумен и основач на патријаршискиот ставропигијален манастир, посветен на свети Јован Крстител во Есекс, Англија.