Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје(15.05.2019)
Брате ти се жалиш и велиш: „Изнемоштувам од моите искушенија“. – Не очајувај, брате, Бог не те оставил и нема да те остави. Знај дека е неизменлива пресудата, која му ја изрекол на нашиот праотец Адам, кога му рекол: „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб“ (1. Мој. 3, 19). Како златото, кое се претопува и пречистува, станува добро да биде употребено и во царската круна, така и човекот, кој гори од страдања, ако трпи со благодарност