За бескрајната љубов и бескрајното милосрдие Божјо спрема човекот
Св. Амфилохиј, епископ Икониски, земјак, другар и пријател на св.Василиј Велики и св.Григориј Богослов, високо образован и голем подвижник, ја опишува следната потресна случка: Имало некој човек, напaднат од блудната страст; тој многу често паѓал во грев, но, исто така, многу често прибегнувал кон Бога со покајнички солзи и молитви. После покајанието, победуван од навиката, тој повторно грешел.