Архимандрит Јован Крестјанкин- Секој човек е приврзан кон обичното и вообичаеното
Ако човекот е навикнат на злото, тој тоа го смета за нешто нормално, за природна состојба, а доброто му се чини некако неприродно, вознемирувачко, невозможно. Додека, пак, ако човекот е навикнат на доброто, тој тоа го прави не затоа што мора, туку затоа што не може да не го стори тоа, исто како што човекот не може да не дише, а птицата да не лета.