Продолжува градителскиот потфат во Рајчица
Како што вели сестра Ефимија, манастирот посветен на светиот великомаченик и победоносец Георгиј во Рајчица ја започнал својата градителска сага уште во далечниот XVII век, во времето на бигорскиот игумен Иларион, а својот архитектонски процут го доживеа под будната грижа на игуменот Арсениј, големиот ктитор на бигорското светилиште. – Така во почетокот на XIX век, на темелите на урнатиот храм се издигна нова прекрасна црква, која игумен Арсениј