„Крајот на светот нема да дојде, се’ додека живее и цвета 5000 години стариот Мамриски даб“
Библискиот настан претставен со оваа икона е опишан во Старозаветната книга Битие, и се случил околу 1800 години пред Христа, во Мамре кај Хеброн, на западниот брег на реката Јордан. Имено, за да се скрие од жештината на денот, старозаветниот патријарх и прататко Аврам ги сместил тројцата гости, односно Троичниот Бог, под крошна на даб, познат во Библијата како Мамрискиот даб,