Митрополит Струмички Наум - Дали Христос и за мене плаче? (26.04.2016)
Со други зборови, нема ни најмал сомнеж во еднаквоста на Неговата Божествена љубов кон сите нас. Прашањето е: каков е нашиот одговор на Неговата љубов – дали Му ја возвраќаме и колку; и дали воопшто Му ја возвраќаме? Токму тој наш одговор го прави и одредува квалитетот на нашата меѓусебна љубов и односи со Него, како и разликата меѓу нашиот личен однос со Христос и личните односи на другите луѓе со Него.