Старец Паисиј Светогорец: За чистите е сè чисто
Немаме љубов и затоа останатите луѓе не ги доживуваме како браќа, туку се соблазнуваме од нив. Сите сме едно големо семејство и браќа меѓусебно, бидејќи сите луѓе се деца Божја. Ако навистина мислиме дека сме меѓусебно браќа, тогаш ќе страдаме за оние кои живеат во грев и нема да се соблазнуваме од нивниот живот, туку ќе се молиме за нив. Доколку се соблазнуваме значи дека злото не е надвор од нас, туку во нас