Старец Пајсиј Светогорец: Сите деца, на кои им се угодува, стануваат бунтовници
А кога се оддалечени од Божјата благодат, до нив се доближуваат нечестивите сили и децата стануваат неподносливи, прават неугледни дела. А оние деца кои имаат почит и ги слушаат родителите, наставниците и возрасните, тие постојано ја примаат Божјата благодат и го имаат Божјиот благослов. Благодатта ги закрилува и ги заштитува. Големата љубов кон Бога заедно со големата почит кон повозрасните, привлекува голема Божја благодат во нивните души и ги облагодетува до таков степен, што тие стануваат забележливи за другите, поради божествениот блесок на благодатта.