Две нови изданија на Кумановско-осоговската епархија (12.04.2016)

Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави уште два нови наслови во својата библиотека: рускиот бестселер на Јегоревскиот Епископ Тихон Шевкунов – „Несвети, а свети и други раскази“ (која беше прогласена и за Книга на годината), како и белешките од дневникот на светата маченичка и царица Александра Романова, собрани под наслов „Дарувајте љубов“.









Еден човек праша свештеник:
„На денешниот човек му недостасува љубов. Посебно на овие простори, каде се живее во бесчуствителниот и суров натпревар за стекнување на овоземен капитал, студенило во односите и голема идвидуалност, а со тоа и осаменост, недостаток на љубов.Изморениот човек на денешницата има потреба од некој да му ја покаже таа љубов, посебно на нашиот народ кој е како едно пресадено дрво...




































