Боже, Моето срце е подготвено: нека Ми биде според Твоите зборови – (прв дел)
Апостолите, удостоени да го видат славното искачување на небото на Пресвета Богородица, стоеле во трепет и гледале кон небото, како што некогаш го гледале Господовото вознесување на небото, заборавајќи на сè земно и на самите себе. Доаѓајќи на себе од глетката, тие со благоговение го гледале Нејзиното пречисто тело и виделе, дека Нејзиното лице светело со небесна светлина, и почувствувале, дека од Нејзиното Пречисто тело излегува прекрасно благоухание. Апостолите воскликнале кон Неа со умиление: „Се насели во небесните одаи кај Синот Твој, Ти Која секогаш си подготвена да го спасиш Богородице Твоето наследство!“