Ретроспектива (2005-2020): Св.Филарет Московски: Светоста е должност на секој христијанин
Според мерата, по која човекот, од своја страна, дејствително и вистински се подвизува во очистувањето од нечисти дела, желби и страсти, нечисти мисли, во таа мера на него, со посредство на Црквата и нејзините Свети Тајни, слегува осветувањето од Бога, кое нека сите нè направи причесници на седејствителната благодат на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.