Од дневникот на еден свештеник – психолог
Зависта може да биде емоционална реакција, но може да биде и постојан емоционален комплекс, навика, страст. Како емоционална реакција, зависта е карактеристична за инфантилниот период од развојот на личноста, и е пропратена со невротичен комплекс на себепонизување и идеализирање на другиот. Како страст, зависта се заснова врз несоодветна проценка, градење слика за себеси, комплекс на постојано споредување со другите.