Епископ г.Партениј, Игумен Бигорски: Црквата и Татковината наша имаат најцврсти основи и небесна ориентација, положени од бесмртниот во Христа Свети Климент
Ниедно парче македонска земја не останало недокоснато од светоста и благодушието на Свети Климент. За македонскиот народ и за севкупниот словенски род тој се јави на Земјата како нов апостол, небесен пратеник на Христовиот есхатон; се покажа како новозаветен Авраам за множеството славјанско, како патријарх сесловенски; како наш праотец, кој роди духовни синови и ќерки повеќе отколку ѕвездите на