Излезе од печат новиот број на „ОГЛЕДАЛО“ – посветен на игуменот Кирил (Пејчиновиќ) и на Лешочкиот манастир
А дека во нашите мисли секогаш е Лешок и грижата кон манастирскиот комплекс и зачувувањето на спомените на неговите игумени – доказ е овој број на списанието. Како плод на тој незаборав, Редакцијата на списанието одлучи главната тема на списанието да биде посветена на Лешочкиот манастир и неговиот најпознат игумен, на отецот Кирил Пејчиновиќ.
Лешочкиот манастир и игуменот Кирил се нераздвојно поврзани. Секоја прошетка во Лешок,